Возач на камион фатен со 29 000 евра

25.03.2011 14:47 | KumanovoNews

 На граничниот премин Табановце автопат царината открила кај возач на камион 29 000 евра.

Возач на камион фатен со 29 000 евра

Возилото со македонски регистарски ознаки, било пријавено за излез од државата. На прашање на царинскиот работник дали има нешто да пријави, возачот изјавил дека нема ништо за царинска контрола, но при извршениот личен претрес, во неговата рачна торба биле пронајдени 29.000 евра, за кои не поседувал потврда за потекло. Согласно законот за девизи, 2.000 евра му биле вратени, 27.000 евра привремено задржани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk