Возач со автомобил удрил во жена и побегнал

02.11.2024 13:57 | KumanovoNews

Педесет и тригодишна жена е тешко повредена откако вчера ја удрил автомобил на локалниот пат во село Љубодраг. 

Возач со автомобил удрил во жена и побегнал

Несреќата се случила околу 16.50 часот на локалниот пат во  село Љубодраг, кумановско, кога патничко возило удрило во пешак - С.Н.(53) од село Љубодраг, а потоа возачот го напуштил местото на настанот. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општата болница во Куманово. За настанот е запознат надлежен ЈО и бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk