Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фитнес центарот Фит Боди центар, организира тренинзи на воздушна јогa во Куманово. Воздушна јога или уметничка акробатика е умствено - физичко движење кое користи платно (aerial hammock) да ги модифицира традиционалните јога движења.
Инструкторката Маја Лучиќ вели дека воздушна јога може да вежбаат сите, но само упорните и адреналински зависници остануваат до крај, бидејќи резултатите се постигнуваат постепено. Оваа дисциплина не се препорачува само за слабокрвните, поради можни вртоглавици и главоболки.
„Воздушната јога е полесна за учење од обичната зошто платното ни помага да го најдеме својот баланс и да го победиме стравот од инверзии, паѓање и висина. Воедно е и високо ризична и фасцинантна поради справувањето со гравитација држејќи се за едно платно. Вежбање воздушна јога првенствено не учи на правилно дишење при самите движења, ја подобрува циркулацијата, ја развива флексибилноста и силата на целото тело, врши декомпресија на кичмата и ја исправа доколку има деформации на истата. Ослободува ендорфин поради кој стануваме посреќни“, објаснува Лучиќ.
Овој летечки спорт во Куманово се вежба во Фит Боди центар во близина на „Стара црква“.
Маја вели дека таа се стекнала со оваа вештина, како ученичка на талентираната Ангела Костадиновска која се преселила во Словенија, која и го предала знаењето и љубовта кон овој спорт.
Таа ги повикува сите кумановски кои сакаат адреналинско вежбање на јога да се пријават на Инстаграм или Фејсбук страната на Студиото за јога.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk