Секојдневното палење гуми и кабли заради металните жици во нив го загадува воздухот во Куманово

11.06.2022 20:21 | Сузана Николиќ

Во населбите Средорек, Бавчи, Перо Чичо и Стари лозја, речиси секое попладне или рано на сабајле се подигаат густи облаци од чад од запалени гуми и електрични кабли.

Секојдневното палење гуми и кабли заради металните жици во нив го загадува воздухот во Куманово

Отровниот матерјал го пaлат собирачите на отпад, за да ги извадат челичните сајли и бакарот, кој потоа го продаваат на откупните пунктови за метал. Со тоа го загадуваат воздухот во целиот град, а особено на булеварот Октомвриска револуција, кој е најниска точка.

Граѓаните постојано реагираат и бараат од надлежните да го решат овој проблем.

„Денеска попладне чади повеќе од час и половина во населбата Средорек, на една од неколкуте локации кои и ние граѓаните ги знаеме. Тоа можете да го видите на сликата. Се тврди дека Куманово се загадува од фабрика во Прешево и ќе се бара одговорност, а кога ќе одговараат загадувачите од нашето маало“, вели сограѓани кој ни ги прати фотографиите.

Куманово со години наназад е на врвот на најзагадени градови во земјата. Во зима од користењето на неквалитетни дрва и разни матерјали за затоплување на домовите, а лети исклучиво од палење на гуми и друг матерјал од  отпад, но и поради прашината од неасфалтираните и раскопани улици.

Во последните десетина дена во Куманово се шири неподнослива миризба, кој ги труе граѓаните. Надлежните инспекциски служби тврдат дека тоа е од фабрика во Прешево, бидејќи не откриле други загадувачи во градот.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk