Возел без дозвола, па злоупотребил лични податоци на друго лице

30.01.2020 10:13 | KumanovoNews

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.И.(19) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“.

Возел без дозвола, па злоупотребил лични податоци на друго лице

Во текот на 2019, пријавениот како возач, во два наврати, управувајќи патничко возило „голф“, сопственост на неговата мајка и патничко возило „опел“ сопственост на С.Ц. од Куманово.

При сообраќајна контрола на полициски службеници, поради непоседување на возачка дозвола и поради сторени сообраќајни прекршоци, употребил и искористил лични податоци од оштетениот Д.И. од Куманово, без негова согласност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk