Возел голф со таблички од друго возило

28.01.2013 09:10 | KumanovoNews

 Жител на селото Лопате купил автомобил “голф“ и му ставил таблички од друго возило.

Возел голф со таблички од друго возило

А.Б.(28) од Лопате во 2006 година купил “голф“ без регистарски таблички и за него набавил таблички од друго возило. Тој изработил уште една идентична табличка на купената. Се до 1 август лани возилото го управувал со туѓа табличка и е откриен при полициска контрола.

А.Б ќе одговара за “фалсификување исправа“ и “употреба на исправа со невистинита содржина“.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk