Возел кола со туѓи таблички, полицијата го открила и го привела

01.02.2022 10:56 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера попладне на ул.„11 Ноември“ во Куманово, го лишиле од слобода Б.Р.(38) од село Матејче, општина Липково. 

Возел кола со туѓи таблички, полицијата го открила и го привела

Тој се сомничи дека на подрачје на Скопје одзел регистарски таблици од возило „опел вектра“, сопственост на М.Ч. од Скопје и ги поставил на возило „волво“, за кое не поседувал соодветна документација.

Б.Р. е приведен во полициска станица, а возилото и регистарските таблици му биле одземени. 

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk