Возел со 1,85 промили алкохол во крвта, удрил во автомобил и мопед

10.04.2025 11:47 | KumanovoNews

Приведен е кумановец кој возел со 1,85 промили алкохол во крвта, откако удрил во автомобил и мопед во Куманово.

Возел со 1,85 промили алкохол во крвта, удрил во автомобил и мопед

“Триесет и едногодишен кумановец вчера во 16.45 часо, на ул.„Теофан Економов“ во Куманово, со возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во мопед „хамачи“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со кумановски регистарски ознаки, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk