Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициска радарска контрола регистрирала возач како вози со 222 километри на час по автопатот од Куманово кон Велес. МВР сподели со медиумите фотографија направена од екранот на радарот.
Во денешната сообраќајна контрола во периодот на контролите од 9 до 16 часот казнети се вкупно 90 возачи, кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk