Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Возач од Крива Паланка фатен додека управувал автомобил со двојно поголема брзина од дозвоената во населено место.
Полициски службеници од Крива Паланка вчера во 14 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај селото Гиновце, го привеле 25-годишниот Д.П. од Крива Паланка.
При сообраќајна контрола било утврдено дека тој управувал патничко возило „Форд Фокус“ со брзина од 105 километри на час во населено место, каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk