Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На регионалниот пат Куманово-Свети Николе, вчера во 11.40 часот, З.К.(62) од Скопје, управувајќи патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Г.М.(57) од Скопје и по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Свети Николе, со возило на Итна медицинска помош, бил префрлен во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk