Возило удрило во пешак во Старо Нагоричане

24.02.2020 09:54 | KumanovoNews

Пешак е прегазен на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, во селото Старо Нагоричане на место викано „Попчевци“.

Возило удрило во пешак во Старо Нагоричане

Сообраќајната несреќа се случила вчера во 17.45 часот, кога патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.С.(69) од Куманово, удрило во пешакот С.С.(23) од Куманово.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болица Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk