Возрасен маж сексуално искористил ретардирано девојче

12.09.2010 14:29 | KumanovoNews

 Кумановецот го натерал девојчето орално да го задоволи вчера околу 17 часот во напуштена куќа зад Пензионерскиот дом во Куманово.

Возрасен маж сексуално искористил ретардирано девојче

 Ж.З (50) од населбата „Перо Чичо„ сексуално се изживувал врз ретардирано 14-годишно девојче за 400 денари. Кумановецот го натерал девојчето орално да го задоволи вчера околу 17 часот во напуштена куќа зад Пензионерскиот дом во Куманово. Откако го реализилал умоболниот чин Ж.З. со кола тргнал да го врати девојчето од кај што го земал. По улицата „Тодор Велков„, кај зградата на ЕВН го запрела полицијата и побарала лични документи за него и сопатничката. Девојчето немало ништо кај себе, па Ж.З. изјавил дека не го познава. Наводно го зел да го превезе бидејќи немало пари за автобус и леб, а притоа му дал 40 денари.  По преземени мерки утврден е идентитетот на малолетничката, која е на возраст од 14 години и има пречки во развојот. Од разговорот со неа било откриено дека вчера околу 16,00 часот  на ул.„Доне Божинов“ кај кружниот ток, додека се шетала наишол Ж.З. и ја качил во своето возилото хонда. Заминале во напуштениот објект каде орално ја искористил. Гинеколошки преглед покажал дека девојчето не е силувано. Од страна на  СВР-Куманово против Ж.З. е поднесена кривична пријава за  „обљуба  врз немоќно лице.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk