Вработен и тројца затвореници повредени со остар предмет во тепачка во К’шање

12.07.2021 11:33 | KumanovoNews

Четири лица, меѓу кои и еден затворски службеник се повредени во масовна тепачка, која вчера се случила во Казнено-поправната установа Куманово - затвор К`шање.

Вработен и тројца затвореници повредени со остар предмет во тепачка во К’шање

„На 11.07.2021 година во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во затвор во К’шање настанала физичка пресметка помеѓу 8 лица, од кои 4 се повредени со остар предмет. Меѓу нив и еден затворски службеник. На повредените им е укажана лекарска помош, а СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Директорот на затвор К`шање, Ненад Цветковиќ, за Кумановоњуз вели дека групната тепачка настанала помеѓу затвореници од две соби, поради банална расправија и нетрпеливост.

„Веднаш реагирала затворската полиција и притоа еден од нашите колеги е повреден додека се обидувал да ги раздели. Не се работи за тешки повреди, повеќе за огреботини и модринки, предизвикани од тепачката. Повикана е Брза помош,  известена е Кумановската полиција и Јавен обвинител и за сите учесници во пресметката ќе бидат поднесени пријави од МВР и управата на затворот“,  вели Цветковиќ

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk