Вработен во АРМ давал лажни потврди за кредит

23.12.2013 15:58 | KumanovoNews

 Скопјанец вработен во Генерал штаб на АРМ на двајца кумановци им дал лажни потврди за да добијат кредит во банка.

Вработен во АРМ давал лажни потврди за кредит

Б.А.(42) од Скопје во јули лани на С.М.(27) и В.Т(34) од Куманово им понудил да ми помогне да добијат кредит. Со штенбил и печат на Генерал штаб на АРМ издал документи дека С.М. и В.Т.  се вработени во АРМ.

Б.А. ќе одговара за посебни случаи на фалсификување исправа, додека С.М. и В.Т. ќе за сторени кривични дела употреба на исправа со невистинита содржина и измама, при добивање на кредит и друга погодност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk