Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Н.Д.(32) oд Кратово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело лажно пријавување на кривично дело, казниво по член 366 став 1 од Кривичниот законик.
Н.Д. вработен во банка во Куманово, до полицијата поднел кривична пријава против банката, односно против директорот на филијала Куманово и непознати лица вработени на раководни позиции во банката. Тој, исто така, поднел и барање до Министерство за труд и социјална политика - државен инспекторат за труд за вршење на инспекциски надзор кај работодавачот-банката, истакнувајќи дека противправно бил распореден да работи како шалтерски работник во експозитура на банката со што му биле ускратени сите права од прекувремена работа, не му биле исплатени прекувремени часови, а воедно му била вршена тортура и психичко малтретирање.
Од извршените проверки било утврдено дека Н.Д. на последно работно место бил распореден по негово барање, а што се однесува до тортурата и психичкото малтретирање воопшто немал поднесено барање за заштита од вознемирување на работно место.
Од страна на Државен инспекторат за труд, со Записник од извршен инспекциски надзор, биле констатирани спротивни наводи од оние во неговата пријава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk