Вработена во катастар парите од имотни листови си ги земала за себе

27.09.2019 18:05 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Љ.(57) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“.

Вработена во катастар парите од имотни листови си ги земала за себе

 Според МВР, во периодот од 01.01.2019 до 05.06.2019 пријавената, како референт во Агенцијата за катастар на недвижности - одделение Куманово, издала 197 имотни листови, при што задолжителниот надоместок од 180 денари, од граѓаните го наплаќала во готово и го задржувала за себе.

На овој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист од 35.460 денари на штета на Буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk