Вработени слепи и глуви лица од Куманово

03.02.2014 11:49 | KumanovoNews

Петнаесет лица од Здружение на глуви и наглуви и тројца членови на Здружение на слепи од Куманово се најдоа меѓу 300-те лица со инвалидитет што се вработени во Македонски шуми.

Вработени слепи и глуви лица од Куманово

Аплицираа околу 15 наши членови, а примени се само 3. Еден од нив ќе работи како референт и двајца помошници работници кои се со комбинирани пречки. Кандидатите кои се одбиени, најверојатно ќе поднесат приговори - велат од Здружение на слепи Куманово.

Од Здружението на глуви и наглуви објаснуваат дека од кај нив се примени сите 15 лица кои конкурирале и ги исполниле условите. Од нив вработена е една кандидатка со високо образование, а другите се со средно и основно образование.

 Од здруженијата не знаат дали се вработени и други инвалидизирани лица кои не се нивни членови.

Конкурсот беше за вработување во државни институции на 300 лица со инвалидитет кои досега биле невработени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk