Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во компанијата „Бучен Козјак“ спроведоа акција за пошумување на паркот на Градскиот кеј во Куманово.
Акцијата се одржа вчера по повод „Социјален петок“ - глобален настан кој се залага за зачувување на животната средина, а ги промовира активностите коишто ги спроведуваат општествено одговорните компании.
„„Бучен Козјак“ со дел од своите вработени, во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово, на забавен и користен начин го искористи петочното пладне за општествено одговорни активности. На Градскиот кеј засадивме 70 садници, по должината на шеталиштето и дадовме свој придонес кон локалната заедница“, вели Наташа Денковска - Бојковска, директорка во „Бучен Козјак“.
Од компанијата додаваат дека ова е почеток на една нова иницијатива, за поддржување на општествено одговорните практики, кои „Бучен Козјак“ ги спроведува со години наназад.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk