Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца вработени во ЕВН Македонија во 2013 година, на незаконски начин извршиле замена на броила.
Е.А.(39) електро монтер во ЕВН од липковското село Опае неовластено симнал броило во домот на Х.М. во Куманово, за кое истиот имал пријавено дека прикажува нереално големи износи и има долг од 192.501 денари. Потоа земал броило кое се наоѓало кај Ќ.К. и го монтирал во домот на Х.М. Претходно симнатото броило им го оставил во друга куќа, за да не плаќаат повторно надомест. За извршената замена Е.А. земал 27.000 денари.
С.Д.(45) од село Липково, во евиденцијата на ЕВН сменил податоци, така што на местото на Ќ.К. ги впишал податоците на братот на М.Х. без потребни документи. Пријавените со овие дејствија ЕВН го оштетиле за 222.501 денари.
Против Е.А. се поднесени кривични пријави за злоупотреба на службена положба и измама, а против С.Д. за злоупотреба на службена положба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk