Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четворица вработени во ФЗЦ се осомничени дека несовесно ја извршувале работата и краделе.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Ѓ. (62), главен инжинер во ФЗЦ „11 Октомври“ АД Куманово, В.С. (61) , Б.И. (46) и А.А. (61), тројцата сменоводители во ФЗЦ„ 11 Октомври“ АД Куманово, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и „кражба“ сторено од страна на непознато лице. Пријавените во периодот од 2010 година до 18.12.2015 година со пропуштање на должен надзор, несовесно постапиле при користењето на материјалите за работа доверени во нивното работење, на тој начин што првопријавениот одобрил требување на 2000 кг. легури, иако немало потреба за толкава количина, а додека останатите кои го должеле магацинот, каде истата се чувала, не воделе контрола над вработените кои неконтролирано потрошиле околу 960 кг легура, а додека на петтопријавениот му овозможиле да одземе количина од 1040 кг., причинувајќи штета на ФЗЦ„ 11 Октомври“ АД Куманово во износ од 152.058 денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk