Вработени во Идризиво пуштале затвореник да шета

25.02.2016 13:16 | KumanovoNews

 И.Н. (40) и О.П. (40), двајцата од Крива Паланка, вработени како службени лица во КПУ Идризово – Скопје, заработија кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Вработени во Идризиво пуштале затвореник да шета

И.Н., искористувајќи ја службената положба, без никаква правна основа донел усмена одлука со која осуденото лице Г.Ѓ. го одредил за курир, со што му овозможил користење на погодности, во делот на почести излегувања и враќања во установата. О.П. ги пречекорил границите на своите овластувања, така што на 10.02.2016 година во периодот од 11.40 до 13.00 часот неосновано го ослободил Г.Ѓ. и му овозможил недозволено да оствари контакт со лица надвор од установата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk