Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
С.М.(36), И.С.(33) и Д.Б.(42), сите од Куманово, вработени во угостителски објект претепале пијан гост кој сакал на сила да влезе во клубот.
Инцидентот се случил на 2.април годинава, околу 00,30 часот на ул. „Тане Георгиевски“, пред угостителскиот објект „Револушн“. Вработените во објектот, го нападнале С.Д.(28), кој бил под дејство на алкохол се обидел да влезе во објектот, при што му нанеле повреди во пределот на главата. Повредениот поради сериозноста на повредите е пренесен и задржан на лекување во Клинички центар Скопје.
Вработените ќе одговараат за кривично дело насилство.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk