Вработени во железници краделе облека од бегалци

12.02.2016 13:42 | KumanovoNews

Во текот на вчерашниот ден е регистрирана кражба на облека во Прифатниот центар Табановце.

Вработени во железници краделе облека од бегалци

Хигиеничар од Прифатниот центар Табановце, забележал како вработени во Македонски железници, земаат облека наменета за бегалците, а  случајот е пријавен во полиција, стои во извештајот од Регионалниот центар за управување со кризи.

Хигиеничарот не можел да ги препознае крадците, затоа што по 22 часот во кампот немало струја.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk