Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ работи нормално, бидејќи вработените не се приклучија на штрајкот на СОНК.
Од синдикатот објаснуваат дека повеќе од половина од нивните вработени не се зачленети во синдикат, а остатокот се задоволни од висината на платите и немаат причина за штрајкување.
“Во Центарот за култура и во театарот има повеќе од 70 вработени, и поголем дел од нив не се зачленети во синдикат и не го поддржуваат штрајкот. Извршителите во театарска дејност имаат покачување од Влада од 20 до 40 отсто на плата и тие немаат зошто да штрајкуваат, тие се задоволни од платата. Кај нас програмите се закажуваат календарски и однапред закажани програми не може да се откажуваат. Ако има некоја манифестација, секогаш постои можност таа да се реализира со луѓето кои не се членови на синдикат“ - рече Горан Јакимовски, претседател на синдикална организација во Центарот за култура.
Во наредените денови во театарот и Центарот за култура ќе се реализираат тековните активности и културни настани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk