Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1200 садници кај Костоперска карпа

13.01.2023 12:25 | Сузана Николиќ

Вработените на „Дрекселмаер“ засадија околу 1200 садници од видот бел бор во месноста Костоперска карпа, во селото Младо Нагоричане.

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1200 садници кај Костоперска карпа

Акцијата беше спроведена во соработка со јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Куманово, а садниците се обезбедени од компанијата.

„Грижата за околината каде живееме и работиме треба да биде наш приоритет. Годинава за прв пат имаме можност да засадуваме во близина на Куманово и драго ни е што заедно со нашите вработени, преку волонтерски пристап и голема мотивираност, покажавме дека можеме да направиме разлика. Сакаме да бидеме добар пример, но и поттик за заедничко одговорно однесување кон природата“, изјавија од менаџментот на „Дрекселмаер“ Куманово.

Локалниот тим од шумарски инженери од јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Куманово го обезбеди потребниот алат, но и стручна поддршка за време на акцијата.

„Дрекселмаер“ Македонија заедно со своите вработени реализирале акции за пошумување и во останатите региони кадешто делува компанијата. Со оваа акција за пошумување во Куманово, вработените засадиле над 10.000 садници на повеќе различни локации.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk