Вработените во градинките бараат да им се врати старото работно време по 6 дневно

08.12.2020 10:25 | KumanovoNews

Самостојниот синдикат на образование, наука и култура (СОНК) кажа дека во градинките се прекршува колективниот договор и директорите ги тераат негувателките и вработените да работат по 8 часа.

Вработените во градинките бараат да им се врати старото работно време по 6 дневно

 Според претседателот на СОНК Јаким Неделков, согласно законот и колективниот договор, работата со деца во овие установи е регулирана на 6 часа за воспитувачките и 7 за негувателите.

„Инспекцијата при Министерството за труд и социјална политика не го почитува ова работно време и издава решенија до директорите со кои им наложува да го реорганизираат работното време и негувателките и воспитувачките да работат по 8 часа. Тие со деца треба да работат 6 односно 7 часа, а останатото време до 8 часа се регулира со посебен акт, со допонителни програмски активности. Сега тие бесцелно седат на работа, а повторно треба работата да ја завршуваат во домашни услови“, рече претседател Неделков, кој додаде дека во градинките не се почитуваат протоколите за ковид-19 и вработените немаат безбедни услови за работа.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на ваквите обвинување и барања од СОНК одговори дека нема никакво зголемување на работното време на вработените во градинките.

Министерката кажа дека не се планира затворање на градинките поради состојбата со ковид-19, бидејќи последниот неделен извештај покажува тенденција на пад на бројот на новозаразени како кај вработените така и кај децата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk