Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во културата ќе земат плата следната недела, соопшти Министерството за култура и туризам.
„Вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно закон и колективниот договор. Доцнењето е поради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финансии”, соопшти Министерството за култура.
Синдикатот на културата претходно преку соопштение изрази незадоволство поради неисплатените мартовски плати поради, како што наведуваат, ненавременото усогласување со минималната плата согласно одредбите од Колективниот договор за култура и со Општиот колективен договор.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk