Вработените во кумановската полиција даруваа крв

21.10.2014 14:03 | KumanovoNews

Во просториите на СВР Куманово денеска се одржува традиционална крводарителска акција.

Вработените во кумановската полиција даруваа крв

Вработените даруваа крв од 9 до 14 часот и се очекуваше да се соберат над 70 единици крв.

Два до три пати годишно дарувам крв, секогаш кога има акции во СВР Куманово. Добро се чувствувам и ова го правиме доброволно за да спасам некој живот. Сите кои не давале крв им препорачувам да се вклучет во акцијата. Крвта која ја даваме е драгоцена и не се плаќа со ништо“ - вели Таџедин Исмаили, инспектор по општ криминалитет во СВР Куманово.

Лекарите од трансфузиологија се задоволни од одзивот и велат дека секоја наредна година бројот на крводарители се зголемува.

Одзивот е голем, акцијата ќе трае до 14 часот и се надеваме дека ќе собереме повеќе крвни единици од минатиот пат. Последниот пат беа 67 крвни единици, а сега очекуваме над 70 да собереме - кажа Лилјана Славковска, трансфузиолог.

Во СВР Куманово три пати годишно се одржуваат крводарителски акции.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk