Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Избришана е бојата на хоризонталната сигнализација на речиси сите улици во градот.
Пешачките премини, коловозните линии и стрелките за одредување на правецот на движење на коловозна лента, како и местата за паркирање едвај се препознаваат или воопшто ги нема.
Од ЈП „Водовод“, кое е задолжено за бележење на сигнализацијата велат дека веќе се прави тендерска документација и по завршување на изборите ќе започнат со работа.
„Помина година ипол од како го исцртавме целиот град. Бојата издржа толку и сега повторно од почеток. Имаме проблем таму каде што асфталтот е стар бојата не држи, многу брзо се брише и комплетно се упива во асфалтот. Штом ќе завршат изборите ќе започнеме со обележување на сигнализацијата“, - изјави директорот Горан Стојковски.
Прво ќе се обележат пофрекфентните делови на градот, особено пред училиштата и градинките, а потоа ќе се опфати и поширокото градско подрачје.
( Фото: на улицата „Пионерска“ се избришани повеќето линии за паркинг места)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk