Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Температурите во овој период од годината треба да бидат повисоки од 22 степени за да можат пчелите да се движат и да собираат мед.
Пчеларите велат дека долгиот период со дождови и променливото време проследено со ветер не им одговара на пчелите.
- Паша има доволно, но времето треба да биде потопло за да можат пчелите да собираат мед, во спротивно годината ќе биде лоша. Еден хектар багремова паша дава еден тон мед, но кога времето е студено цветот не ги ослободува нектарот за да може истиот да го апсорбира пчелата. Секојдневно ја следиме прогнозата, и ако времето се стабилизира ќе има мед - вели Бранко Тасевски, пчелар.
Ако продолжи студеното време пчелите ќе бидат во кошниците и ќе им треба потхранување.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk