Времето поволно за пчелите

05.02.2013 10:33 | KumanovoNews

 Временските услови без снег и ниски температури им одговараат на пчелите и тие излегуваат надвор од кошниците во природа.

Времето поволно за пчелите

Ова време не одговара за други културни, но за пчелите е добро. Тие сега излегуваат од сандаците, летаат и се во контакт со природата. Кога има снег, студ доаѓа почесто до појава на болести. Најраздвижени пчелите се кога ќе расцутат дрвјата. Засега им советувам на пчеларите да ги потхранат пчелите со црвста храна која ние ја нарекуваме погача. Таа е алтернативна храна и помага да не дојде до изумирање на семејствата. Може да им се даде смеса од шеќер и мед - вели Бранко Тасевски, претседател на Здружение на пчелари “Пчела“.

Тасевски вели дека комбинација од соино млеко и полен исто може да се употреби за прехрана на пчелите во зима.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk