Врнежите ги зголемија водостоите на реките

11.09.2024 15:37 | KumanovoNews

Дождот што паѓаше во изминатите 48 часа предизвика зголемување на водостоите на реките низ земјава, но нема опасност од нивно излевање.

Врнежите ги зголемија водостоите на реките

„Заради претходниот сушен период и досегашните ниски водостои, не постоеше опасност од излевање на водотеците и овие врнежи дожд беа добредојдени, во поглед на подобрување на општата хидролошка состојба во земјава. Според прогнозите, врнежливото време се очекува да продолжи и во текот на денешниот ден, повторно без опасност од појава на високи водостои и без можност за поплави“, соопшти Центарот за управување со кризи.

Во акумулациите Липково и Глажња, има доволни количини на вода за потребите на градот.  

„Во овој момент има повеќе од 12 милиони кубни метри вода, што е и повеќе од доволна количина за потребите на градот. Дождот од последните два дена се уште не е стигнат до браните, но мислам дека нема ни да се почувствува, првин и земјата да се натопи по долготрајната суша и тримесечните, тропски температури“, истакна Оливер Илиевски, директор на подружницата Кумановско- липковско поле.

Деновиве завршува и сезоната за наводнување на земјоделските површини, што значи дека и потрошувачката на вода значително ќе се намали.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk