Врнежите позитивно ќе влијаат на претстојната сеидба

25.09.2015 14:34 | KumanovoNews

По долгиот сушен период, врнежите кои паднаа деновиве ќе имаат позитивно влијание за почвата и за претстојната есенска сеидба.

Врнежите позитивно ќе влијаат на претстојната сеидба

И новите врнежи кои се очекуваат почвата има капацитет да ги прими, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

“Појавата на врнежи ги прекинува и ќе ги прекинува земјоделските работи на отворено на кратко, но во секој случај истите ќе имаат повеќе позитивно од негативно влијание, заради тоа што не се толку големи количества кои би можеле да им причинат штети на овошките и виновата лоза, околу намалувањето на шеќерните единици“-стои во соопштението од УХМР.

Во повеќето градови оваа седмица наврнаа околу 30 литри дожд на површина од метар квадратен, а најслаби врнежи од дожд имаше во Крива Паланка околу 21 литар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk