Втор ден протести на матурантите во Куманово

25.02.2015 14:56 | KumanovoNews

Матурантите втор ден протестираа пред подрачното Министерството за образование и наука, со барање да почнат дијалог со надлежните и да се укине задолжителното полагање математика како дел од државна матура.

Втор ден протести на матурантите во Куманово

На протестот денеска се приклучија и дел од гимназијците од албанската Гиманзија “Сами Фрашери“. Учениците не беа примени во подрачното Министерство за образование, поради што најавуваат нови протести за наредните денови со кои ќе го свртат вниманието на јавност.

“Си седат внатре, си го пијат кафето, се прават како да не нема. За понатаму продолжуваме со протестот, ќе бидеме иновативни, ќе имаме нови идеи. Гласот наш нема да престане да ечи колку и да сакаат да не замолкнат. Ние ќе продолжиме со нашите мислења. Сепак имаме право да си го подобриме нашето образование, а не да го уништуваме. Убаво беше математиката да си остане како порано изборен предмет. Не знам што ова новото ќе донесе за државата“ - изјави Стефан Петровски, ученик во Гимназија “Гоце Делчев“.

Матурантите бараат надлежните како што имаа слух за студентите, да имаат слух и за нивните барања. Протестите продолжуваат и утре.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk