Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започнаа подготовките за Вториот меѓународен фолклорен фестивал Куманово, кој ќе се оддржи од 20 до 22 август во Куманово.
Веќе се договорени учесниците, а во наредниот период треба да се завршат организациските работи и да се затвори финансиската конструкција.
Оваа година на фестивалот ќе гостуваат ансамбли од:Грузија, Србија, Храватска, Црна Гора, Бугарија, како и седум од нашата земја, поточно од Скопје, Битола, Охрид, Гевгелија, Струга, Вевчани и домаќините од Куманово.
„Имаме извонреден избор на гости и верувам дека публиката ќе ужива во разновидната понуда и програма. Првата година имавме одличен фестивал, но за жал минатата година моравме да паузираме поради ковод кризата. Затоа оваа година работиме со уште поголем ентузијазам да направиме манифестација каква што доликува на градот и државата. Се надеваме на голема посетеност и поддршка од граѓаните“, - изјави Мирче Крстевски, претседател на организациониот одбор на фестивалот.
Фестивалот засега има скромна финсиска поддршка од локалната самоуправа и министерствата, но Крстевски се надева дека надлежните ќе излезат во пресрет да се задржи нивото на оваа меѓународна манифестација.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk