Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сопственичката на Фризерско студио „Нате“ и Академија „Нате“, Наташа Додевска, освои второ место за вечерна фризура на Интернационален фестивал во Рим, Италија.
Додевска раскажува дека за учество на овој фестивал се подготвувала веќе две години, но поради пандемијата учеството го пролонгирала.
„На фестивалот учествуваа преку 300 фризери од цела Европа, а имаше преку 3000 посетители во публиката. Поради големата конкуренција се работеше под притисок, но сепак се исплатеше, поради постигнатиот резултат. Многу сум горда на својот успех. Овој период е многу значаен за мене. Годината ќе ја паметам по големите резултати во мојата кариера. Од академија излегоа 40 фризери што покажува дека младите имаат желба да го учат овој занает и да градат кариера во фризерството“, вели Додевска.
Студио „Нате“ неодамна освои две први места на меѓународно натпреварување во Софија, Бугарија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk