Второ пријавување за упис во средните училишта

28.06.2018 09:32 | KumanovoNews

Во петте средни училишта во Куманово денеска се спроведува второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во учебната 2018/2019 година.

Второ пријавување за упис во средните училишта

По првото пријавување на 18. и 19. јуни, остануваат уште 1700 слободни места од вкупно 2500, колко беа објавени во Конкурсот на Министерството за образование.

 Од Секторот за образование во Општина Куманово информираа дека во првиот уписен рок се запишани 789 ученика од пријавените 1120. Недостасуваат 300 деветтооделенци, кои завршиле во основните училишта во Општината.

И оваа година најголем интерес имало за гимназиското образование, а зад него следуваат медицинските насоки, како и насоката за информатичка технологија.

Во вториот уписен рок, кој ќе се одржи во август ќе има намалување на поените во училиштата каде што има недоволен број на ученици, но не и за гимназиското образование, економскоправна и здравствената струка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk