Вучиќ не се меша во референдумот за името

02.09.2018 17:33 | KumanovoNews

Претседателот на Србија Алексдандар Вучиќ, за ставот на Србија за престојниот референдум за името во Македонија и дали ќе ја повика српската заедница да гласа, одговори дека не сака да се меша во внатрешните работи на други земји, но ако Скопје и Атина ќе го решат проблемот тоа е сосема сигурно добра вест и за Белград и за Србија.

Вучиќ не се меша во референдумот за името

„Јас не сакам да се мешам во внатрешните работи на други земји, ама секогаш позитивно ќе реагираме ако нашите пријатели и соседи се договараат и решаваат проблеми. Тоа се работи против кои никогаш нема да се противиме. Дали ние се радуваме и дали сме задоволни од тоа што Скопје и Атина ќе го решат проблемот, тоа е сосема сигурно добра вест и за Белград и за Србија. Што се однесува за останатите работи, јас ниту имам право некого да повикувам ниту да не го повикувам. Тоа би било нефер и тоа би било директно мешaње у внатрешните работи на друга држава. Јас ја почитувам Македонија и затоа тоа нема да го направам. Се што придонесува за регионална стабилност, а решавање на проблемот помеѓу Скопје и Атина, верувам дека луѓето ќе го поздрават“, изјави Вучиќ.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk