„Вук Караџиќ“ го одбележа патрониот празник

03.06.2016 09:18 | KumanovoNews

Под мотото „Детето е дете насекаде во светот“, вчера основното училиште „Вук Караџиќ “ го одбележа  патрониот празник  и 71 години постоење и успешна работа.

„Вук Караџиќ“ го одбележа патрониот празник

Со скромна приредба пред родителите и наставниците, учениците ги покажаа своите вештини во рецитали, песни, ора и глума, ставајќи акцент пред сѐ на детските права и обврски и еднаквоста на децата во целиот свет.

Директорката, Надица Петровска, одржа поздравен говор во кој меѓу другото ги истакна успесите на сите ученици и ментори кои оваа учебна 2015/16 година, го претставуваа училиштето на општински, регионални и државни натпревари и коишто освоија високи награди, со што достојно го претставија училиштето во локалната средина.

„Чест и задоволство е тоа што учениците од ова улилиште со намален број на ученици, сепак освојуваат награди и постигнуваат успеси- истакна директорката Петровска.

Приредбата изобилуваше со точки од мултиетнички и меѓукултурен карактер, а веќе традиционално заедно настапија со учениците од соседното училиште „Наим Фрашери“.

На присутните гости на на влезот им беше подарено по 1 примерок од електронското издание на училишното списание „Вуков цвет- 2016“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk