“Вук Караџиќ“ слави 69 години постоење

06.05.2014 10:34 | KumanovoNews

Основното училиште “Вук Караџиќ“ денеска слави 69 години постоење и успешна работа.

“Вук Караџиќ“ слави 69 години постоење

По тој повод  учениците и наставниците подготвија програма во рамки на која настапи училишниот хор, играорната секција, имаше драмска точка, презентација на училиштето  и беше поставен саем на знаења и вештини.

- Во ова училиште поминале многу ученици кои се денеска успешни граѓани на овој град и на оваа држава, а се надевам дека и овие ученици ќе станат добри луѓе пред се, ќе бидат успешни со она со што ќе се занимаваат. Ние сме тука како лулка да помогнеме да созреат и да учат. По свечената програма ќе ги поканиме гостите да го разгледаат саемот на знаења и вештини на кој е претставено она што е сработено во текот на цела година на еден креативен начин - вели директорката Надица Петровска.

На патронатот имаше претставници од локалната самоуправа, од училишта во градот, невладини организации и други.

Во “Вук Караџиќ“ се образуваат 210 деца од прво до осмо одделение.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk