Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово денеска од 11 до 14 часот, граѓаните ќе имаат можност да видат дел од од воздухопловите, воените возила и опремата на војските на Македонија и на САД, кои се користат на меѓународната воена вежба „Брз одговор 23“.
Од Министерството за одбрана велат дека ќе бидат изложени воените хеликоптери од типот „AH-64 APACHE“, транспортен хеликоптер „UH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „CH-47“ (Chinook), транспортен медицински хеликоптер „HH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и оклопни возила „JLTV”, Хермелин и „HMMWV“.
“Покрај презентацијата, присутните, преку директна комуникација со армиските припадници поблиску да се запознаат со карактеристиките на средствата, постапките и процедурите кои ги извршуваат армиските припадници и да се фотографираат со истите. За прв пат во нашата држава ќе биде прикажано и роботизираното софистицирано возило т.н. PROJECT ORIGIN, кое е во пробна употреба и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии на армијата на САД“, стои во соопштението на МО.
Вежбата „Брз одговор 23“ ќе отпочне утре / 22. мај/ и ќе биде најголема реализирана вежба во Македонија, оваа година со учество на армии на 4 НАТО земји и една партнерска земја: Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави (Националната гарда на Минесота), Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО Косово, со вкупно околу 1850 учесници.
За граѓаните на Куманово има организиран превоз од постојката кај Гарнизон со поаѓање во 11:00, 12:00 и 13:00 часот, а за враќање од спортскиот аеродром во 11.30, 13:30 и 14:30 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk