За 13,3 отсто се намалени кривичните дела на територијата на СВР Куманово, кажа Спасовски

21.12.2022 13:39 | Оливера Пешевска

Кривични дела извршени од јануари до ноември оваа година, на подрачјето на СВР Куманово е намалено за 13 отсто во споредба со истиот период лани. Оваа го кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на СВР Куманово и Регионалниот центар Север.

За 13,3 отсто се намалени кривичните дела на територијата на СВР Куманово, кажа Спасовски

„Во истиот период во однос на активностите насочени кон спречување и откривање на недозволена трговија со дрога и оружје, СВР Куманово бележи зголемување во откривачкиот дел за 21.7 %. Позитивниот тренд во 11-те месеци годинава присутен е и во областа на безбедноста во сообраќајот. Само во месец ноември 2022 година споредбено со ноември 2021 бележиме намалување на вкупниот број на сообраќајни несреќи за 34,8%“, изјави Спасовски.

 

 

На работната средба било разговарано и за справувањето со прекуграничниот криминал, кој бележи зголемување на откриени случаи за 22,2 %, за истиот период јануари - ноември 2021 и 2022 година.

 

„Како резултат на добра поставеност постигнато е  зголемување во откривачката дејност на фалсификувани возила за 400%. Во делот на откривање на илегалната миграција годинава бележиме зголемување за 8,5 % на бројот на откриените илегални преминувања споредбено со 2021 година и зголемување на откривачката дејност за 15% за откриени случаи на криумчарење мигранти. Што се однесува за бесправна сеча и пустошење на шуми годинава имаме тренд на зголемување на откриената дрвна маса за 11%“, ги презентираше сумираните резултати министерот Спасовски.

 

Сајбер заканите и сајбер нападите се неизбежна тема деновиве, посебно по пријавите за поставени бомби во училиштата во Куманово што ја вознемирија јавноста.          
 

„Одржавме совет за координација на безбедносните служби и формиран е работен тим кој се состои од повеќе институции кој ќе работи во делот на спречување на сајбер нападите и давање на одговор во случај на сајбер закани. Во оперативниот тим се вклучени и Бирото за јавна безбедност, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, АЕК и други.Т оа се најтешките кривични дела во делот на државната власт и хибридните закани кои доаѓаат сметаме дека се дел од испреплетување на геостратешките интереси токму на нашата територија, но свесни сме колку е важно да се градат капацитетите и човечки и материјално-технички на сите институции“, истакна министерот.

 

На средбата министерот Спасовски беше информиран за безбедносната состојба на подрачјата на СВР Куманово и Регионалниот центар Север, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои се преземаат, во насока на намалување на стапката на криминалитет, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел - подигнување на безбедноста и заштита на граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk