За 25-годишниот јубилеј ДБД со големи изненадувања за граѓаните

29.03.2016 13:22 | KumanovoNews

По повод 25 години постоење и успешна работа, реномираната кумановска компанија CasaMia, ДБД Комерц, организира голем број на акции и промоции за своите редовни купувачи и граѓаните.

За 25-годишниот јубилеј ДБД со големи изненадувања за граѓаните

„ Бидејќи сега е време за бојадисување и реновирање, одлучивме месецот Април да го посветиме на брендот Maxima.Со купување комплет фасада на Maxima, купувачот добива ГРАТИС мрежа 50м2 / Maxima, 10 години гаранција, стручен надзор од страна на претставници на Maxima за Македонија и од страна на ДБД Комерц и гратис тонирање во дури 176 светли нијанси, - велат од CasaMia.

Акцијата започнува од 01. Април и ќе трае до крајот на месецот. Секој купувач, кој ќе купи било кој производ од MAXIMA, ќе пополни формулар во продажните салони и со тоа учествува во големата наградна игра.

  „Бидејќи славиме еден голем јубилеј, а тоа е четврт век постоење на македонскиот и балканскиот пазар, оваа година ја посветуваме на нашите потрошувачи и затоа ќе имаме големи изненадувања за нив. Започнуваме со Maxima, а потоа ќе продолжиме со останатите брендови со кои соработуваме и имаме партнерска врска. Нашето мото „ДБД Комерц секогаш мисли на Вас„ и овојпат ќе биде во интерес на граѓаните“, - изјави Дарко Доневски, директор во ДБД.

Од ДБД ги повикуваат граѓаните да ги посетат и да се уверат во квалитетот на производите во нивните салони во нселбата Карпош и на булеварот “Октомвриска револуција„, спроти спортската сала.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk