За 25 отсто е зголемена потрошувачката на вода во Куманово

25.06.2025 15:26 | KumanovoNews

Високите температури ја зголемија потрошувачката на вода во Куманово. 

За 25 отсто е зголемена потрошувачката на вода во Куманово

Според директорот на ЈП „Водовод“ Оливер Стојмановски дневната потрошувачка на вода е за 25 отсто повисока во однос на предходниот период.

„Дневната потрошувачка е 335 л/с што е за 25 отсто повеќе во однос на предходниот месец кога беше 240 л/с.  Најголема потрошувачка има помеѓу 19 и 24 часот, како и за време на викендите. Покрај главниот вод во функција се ставени и другите извори на вода, и засега немаме недостаток и проблеми со снабдувањето. Само во одреден период  помеѓу 21 -24 часот во највисоките делови е намален притисокот, што се должи на нерационална потрошувачка на граѓаните од пониските делови. Сакам да апелиранм до граѓаните да не ја користат водата од градскиот водовод за полевање на бавчи и тревници, миење на дворови и тротоари, како и за полнење на базените, туку само за пиење и за употреба во домаќинствата“, вели директорот Стојмановски.

 За да се задоволат потребите на градот, дотур на вода до Филтер станицата се врши од главниот вод околу 120 л/с,  бај пасот околу 145 л/с, како и од бунарите во Бедиње околу 50 л/с  и  Митев Мост околу 20 л/с. 

Директорот вели дека најголем проблем им се дивите приклучоци и кражбата на вода, која се користи во неразумни количини. Тие не можат да ги откријат и санкционираат сторителите затоа што немаат право да влегуваат во приватен имот.  

Стојмановски вели дека засега има доволни количини на вода во акумулациите Липково и Глажња, и се недева дека со рационална потрошувачка ова лето ќе нема проблеми во водоснабдувањето.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk