Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За трајно решавање на хаосот со паркирањето и воспоставување на ред во сообраќајот во централното градско подрачје, во рамките на буџетот на Општина Куманово во наредните 4 години планираме изградба на три нови катни гаражи со вкупно 1418 нови паркинг места, најави кандидатот за советник од НСДП, Благојче Јакимовиќ на денешната прес конференција.
„По претходно спроведени истражувања на јавното мислење, односно по препораки на граѓаните, предвидуваме изградба на три катни гаражи на следните локации: помеѓу Домот на културата и ул. „Тане Георгиев“ со вкупно 140 паркинг места кои ќе можат да ги користат граѓаните од околните згради и од улиците во непосредна близина, на градежната парцела зад „НАМА“ помеѓу улиците „Ленинова“ и „Доне Божинов“ со капацитет од 912 паркинг места наменета за сите граѓани и зад Центар за вработување Куманово и Центарот за социјални работи Куманово на ул. „Тодор Велков“ со вкупно 366 паркинг места наменета за вработените во околните институции и за сите граѓани кои имаат потреба од паркинг место“, изјави Јакимовиќ.
Тој додаде дека со вкупно 1418 нови паркинг места во централното градско подрачје ќе се придонесе за ослободување на улиците од непрописно паркирани возила и за нормално одвивање на сообраќајот во центарот на градот, со што во значителна мера ќе се олесни животот на граѓаните во однос на паркирањето и во однос на самото одвивање на сообраќајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk