Кумановка за 4.000 евра го дала своето бебе на посвојување, притвор за неа и за уште 4 лица

05.03.2025 07:37 | KumanovoNews

Кумановка го дала своето бебе на посвојување на 4.000 евра, но се предомислила и случајот го пријавила.  Во полиција се приведени и мајката и уште 4 лица кои биле вклучени во трговија со бебето. 

 

Кумановка за 4.000 евра го дала своето бебе на посвојување, притвор за неа и за уште 4 лица

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал,  поднесе кривична пријава против А.М.(44), А.М.(35), Ф.А.(61) и Ѓ.К.(55), сите од Скопје и против М.М.(41) од Куманово поради постоење основи за сторено кривично дело „трговија со дете“.  

„Во текот на 2024 година, пријавените А.М., А.М., Ф.А. и Ѓ.К., користејќи ја финансиска состојба на пријавената М.М., која била бремена, ја измамиле така што ѝ обезбедиле финансиска помош во висина од 250 до 270 евра, како и бесплатни лекарски прегледи за незаконско посвојување на нејзиното новородено бебе“, соопшти МВР. 

На 18.февруари, откако М.М. родила женско бебе, со нотарска изјава му дала старателството на А.М., дека бебето го остава доброволно на чување, воспитување и издржување, за што и била исплатена сума од 4.000 евра. 

Од страна на судија на претходна постапка, на А.М. и М.М. им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на А.М., Ф.А. и Ѓ.К. им е одредена мерка домашен притвор. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk