За 7,4 проценти ќе поскапи струјата, соопшти Регулаторната комисија

29.06.2022 15:54 | Сузана Николиќ

Цената на струјата од први јули ќе поскапи во просек за 7,4 проценти, соопшти претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски на денешната прес-конференција. Како што кажа Бислимоски, ова зголемување од 7,4 проценти ќе биде за 98,8 проценти од домаќинствата во земјава.

За 7,4 проценти ќе поскапи струјата, соопшти Регулаторната комисија

„Секое домаќинство ќе плаќа различна цена според блоковите. За 59,9 проценти од домаќинствата ќе има зголемување од 6,6 проценти, за 35,5 проценти од домаќинствата зголемувањето од 6,7-8,8 проценти, за 3,4 проценти поскапувањето ќе биде од 8,8-11,2 проценти, за 1,2 проценти зголемување од 11,4 проценти, а за оние кои се екстремни потрошувачи поскапувањето ќе биде 99 проценти“, рече Бислимоски.

Тој кажа дека зголемувањето на цената на струјата ќе било многу поголемо односно 17,74 проценти ако не беа воведени блок тарифите за потрошена струја. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk