За десет дена ќе се заменат старите учебници

15.09.2015 14:56 | KumanovoNews

Старите учебници ќе бидат заменети со нови во наредните десет дена, најавија од Министерството за образование и наука.

За десет дена ќе се заменат старите учебници

Ќе се дистрибуираат учебниците до училиштата, според информацијата доставена од училиштата до МОН.

Учебниците континуирано се заменуваат, како што беше и најавено од страна на нашето Mинистерство, се врши нивна комплетна дистрибуција, но истовремено треба да бидеме свесни дека станува збор за огромна количина учебници низ сите училишта во Република Македонија - изјави Спиро Ристовски, заменик министер за образование.

Учебниците ги користат неколку генерации ученици што доведува до нивно оштетување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk