За два дена укажана помош на над 300 бегалци

17.09.2015 09:06 | KumanovoNews

Мобилните тимови на  Црвен Крст, на 14 и 15 септември укажале помош на 336 бегалци на Табановце.

За два дена укажана помош на над 300 бегалци

Ангажирани се волонтери и медицинска екипа за укажување на помош на мигрантите.

Имаме волонтери во три смени од Куманово и од Скопје, плус лекар и помошник. Некои од бегалците имаат лесни повреди, некои се со настинки, а за една недела девет бегалци беа пренесени во болница - рече Иле Митковски, секретар на Црвен Крст Куманово.

За овие два дена испорачани се 280 шишиња вода, 28 пакети со  храна, 53 пакетчиња  бисквити, 19 кебиња, 19 пакети со  хигиена и 64 бебешки пелени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk